Руни: Ех, да го имавме Гвардиола за селектор…

Вејн Руни освои се што можеше да се освои на клупски план, но голгетерот не крие дека жали што во колекцијата трофеи нема ниту еден освоен со англиската репрезентација. Според него, „гордиот албион“ имал се што е неопходно како играчки потенцијал за да стане европски или светски првак, но на сите тие „ѕвезди“ им недостигал врвен стратег.

„Составот што го имавме дефинитивно беше најдобар во светскиот фудбал во тој момент. Во нападот јас и Овен, за нас Бекам, Сколс, Лампард, Џерард, во одбраната Рио Фердинанд и Тери… Да го имавме Пеп Гвардиола за селектор, ќе освоевме се што можеше да се освои, тука нема никаква дилема“, истакна Руни.

Вејн Руни одигра 120 натпревари во репрезентативната кариера, постигнувајќи 53 погодоци во дресот на „гордиот албион“.

Се вчитува...