Серхио Агуеро е наставник по шпански: Неочекувана задача за голгетерот

Серхио Агуеро веројатно е последниот кого би можеле да го замислите во улога на наставник, но токму таква задача ќе исполнува аргентинскиот фудбалер од Манчестер Сити во следниот период. Тој е регрутиран од британскиот национален сервис „Би-Би-Си“ за подучување шпански јазик. Агуеро заедно со други големи ѕвезди од светот на шоу бизнисот ќе биде дел од програмата на телевизијата која треба да има едукативен карактер во период кога децата се затворени дома.

Голгетерската ѕвезда ја доби можноста младите да ги подучува шпански јазик, а во учителското друштво на познати личност ќе биде и поп ѕвездата од „One Direction“, Лијам Пајн кој на децата ќе им помага во совладувањето на читањето. Професорот Брајан Кокс ќе им раскажува на децата за мистериите на универзумот. Во проектот се вклучени и други славни имиња кои треба да бидат поддршка за повеќе од 200 наставници кои се обидуваат да им помогнат на децата за време на кризата.

 

 

Се вчитува...