Погба го избрал Манчестер Јунајтед пред Реал Мадрид поради социјалните мрежи

Зошто во 2016 година, Пол Погба го избра Манчестер Јунајтед наместо Реал Мадрид. Одговорот е во социјалните мрежи. Приказната за тоа како Французинот ја донел одлуката вели дека англискиот тим го придобил кога му ги покажал бројките на интеракција на социјалните мрежи кога неговото име било поврзувано со Манчестер Јунајтед.

„Погба сакаше да оди во Реал Мадрид дури и беше на состанок и речиси беше договорен. Но потоа Манчестер Јунајтед му ги смени плановите. Од англискиот клуб му велеа дека во Реал ќе биде четврти или петти играч затоа што тоа е најдобриот тим во светот. Ако дојде кај нас ќе бидеш прва ѕвезда“ – биле дел од убедувањата што ги користел Јунајтед.

Сепак, пресудни биле бројките на социјална интеракција кога во една објава на социјалните мрежи се појавувале заедно Пол Погба и Манчестер Јунајтед.

 

Се вчитува...