Во страв од втор бран на коронавирусот Светската здравствена организација вчера на видео-состанокот на УЕФА со федерациите членки побарала фудбалот комплетно да запре на 18 месеци. Организацијата има два плана за реакција во случај на втор агресивен бран, а дел од нив е и барањето за прекин на фудбалот во целата следна година.
Сепак УЕФА не го прифаќа ваквото барање пред се поради финансискиот удар што би бил зададен. Европската фудбалска асоцицјација мораше да прави компромис со одржувањето на ЕВРО и неговото одложување за една година. Финансиската загуби поради ова беа во милијарди евра, па затоа УЕФА инсистира на продолжување на сезоните дури и без навивачи. Ова е обид да се намали загубата и во организацијата, но и колапсот на некои клубови.
УЕФА деновиве бара решение за продолжувањето на сезоната, а се очекува утре да биде соопштен планот за завршницата на европските купови. Претседателот Чеферин препорача сите национални првенства да бидат завршени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА