Клоп е причината зошто Мане сака да си оди од Ливерпул

Зинедин Зидан две години се обидува да го доведе Садио Мане во Реал Мадрид, но шансите за реализација на овој трансфер значително се зголемија за претстојниот преоден рок. Причина е желбата на фудбалерот, кој досега беше апсолутно лојален на Ливерпул, но во меѓувреме го промени својот став и сега сериозно размислува за заминување од „Енфилд“ и преселба на „Сантијаго Бернабеу“.

Имено, Мане се чувствува повреден од однесувањето на Јирген Клоп, сметајќи дека не ја добива потребната поддршка од германскиот стратег. Првиот проблем се појавил по конфликтот меѓу Салах и Мане, кога Клоп зборувал со двајцата фудбалери одделно за да го реши недоразбирањето. Мане се почувствувал навреден што германскиот тренер ја поделил вината, сметајќи дека се почнало од себичноста на Салах.

Потоа, сенегалскиот офанзивец бил навреден што Клоп во изјавите околу „Златната топка“ цело време го форсирал Ван Дајк, чувствувајќи се изневерено бидејќи очекувал поддршка од тренерот во фантастичната сезона што ја има. Мане досега има 14 гола (два помалку од Салах) и седум асистенции (исто колку и Фирмино) и верува дека заслужува поголема јавна поддршка од сите во клубот.

Токму затоа тој посакува трансфер во Реал, каде би можел уште повеќе да се докаже и да атакува на „Златната топка“ во иднина. Ставот на Клоп е јасен, стратегот на Ливерпул не планира да држи сосила незадоволни фудбалери, но „црвените“ во секој случај ќе настојуваат добро да го наплатат овој трансфер, инсистирајќи на отштета од најмалку 130 милиони евра.

Се вчитува...