Изненадувачка понуда за Пол Погба

Францускиот репрезентативец Пол Погба доби изненадувачка понуда за продолжување на кариерата, по најавата за напуштање на Манчестер јунајтед ова лето.

Погба претходно интензивно се поврзуваше со Јувентус и со Реал Мадрид, како и ПСЖ. Но, последните информации од Италија зборуваат дека понуда за Погба подготвил и Интер. „Нераѕурите“ веруваат дека може да го доведат Погба во своите редови ова лето.

Интер изминатиов период донесе неколку фудбалери од Јунајтед. Потпишаа Ромел Лукаку и Ешли Јанг, а како позајмен фудбалер настапува и Алексис Санчез.

Двата клуба имаат одличен однос, па нема да биде изненадување доколку Погба се одлучи кариерата да ја продолжи во Интер.

Се вчитува...