Фудбалерот на Монпелје Жуниор Самбија се наоѓа на интензивна нега бидејќи му се влошила состојбата поради заразата од Ковид-19. Тој во понеделникот беше примен во болницата на Монпелје, а денеска неговата состојба нагло се влошила.
„Поради респираторни проблеми еден наш фудбалер е хоспитализиран. Тој прима лекарска нега и се надеваме на добри информации“, стои во соопштението од клубот.
23-годишниот Самбија од 2017 година е член на Монпелје за кого запиша 72 натпревара на кои постигна 2 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

