Тимот на Пелистер за наредната сезона ќе биде значително променет, откако продолжува да се зголемува бројот на ракометари кои си заминуваат од битолскиот суперлигаш. Прв нога повлече украинскиот пивот Шевелев, по него следеше Хрватот Јотиќ, за денеска заминувањето од таборот на „пелистерци“ да го потврди и Владислав Остроушко.
Украинскиот бек дојде во Битола во вториот дел од сезоната 2018/19, се покажа во добро светло неколку месеци, но сепак ја одби понудата за нов договор и реши да замине во Романија. Авантурата таму траеше кратко, па Остроушко во текот на минатата сезона повторно им се приклучи на битолските „фармацевти“. Тој беше најдобар стрелец на тимот во Лигата на шампионите, но раководството на Пелистер сепак не успеа да се договори за негово останување.
„Пелистерци“ вчера го официјализираа трансферот на македонскиот репрезентативец Марио Танкоски од Металург, но јасно е дека ќе треба дополнително да се засилат за да ги остварат зацртаните цел и во следната сезона да го нападнат тронот на македонскиот ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА