Најмалку 300 лица ќе мора да бидат присутни на натпреварите од Премиер-лигата ако продолжи сезоната како што се предвидува на 8. јуни без присуство на навивачи. Ова се превидувањата на Лигата околу бројот на луѓе неопходни за една средба. Бројката би се зголемила ако натпреварот се емитува во живо на ТВ.
40 фудбалери, 32 члена на тренерскиот и на медицинските тимови, 12 официјални лица, меѓу шест и осум докотри и медицински персонал, тројца претставници на Премиер-лигата, луѓе ангажирани за дополнтелни работи на теренот, допинг контрола и ВАР-соба и 130 или повеќе претставници на медиумите. Ваква е распределбата на силите на оние кои ќе бидат дел од натпреварите.
Ако натпреварот се емитува на телевизија ќе треба да има оклу 20-тина дополнителни лица во стадионот и уште 70 околу него. Ова се вработените вклучени во реализацијата на преносот. Сите 20 клуба биле запозанени со овој план кој Премиер-лигата го базира на деталните планови што се направени во Бундеслигата која закажа продолжение на сезоната веќе на 9.мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА