Марио Геце сепак би можел да потпише нов догвор со Борусија Дортмунд претстојново лето вели претседателот на клубот, Ханс-Јоаким Вацке. Догворот на Геце истекува во јуни и тој пред извесен период соопшти дека на крјаот од сезоната го напушта „Сигнал Идуна Парк“. Тој изјави дека добро размислил и оти решил да направи промена во плановите за кариерата. Сепак неговиот моменталн работатавач смета дека има простор за нов догвор со 27-годишниот играч.
„Во моментов се е под мраз. Но, јасно е дека разговорите со Геце ќе продлжат во даден момент“ – изјави Вацке во интервју за „Скај Германија“.
Кариерата на Геце е во застој по победничкиот гол за Германија против Аргентина на Светското првнество во 2014 година. По враќањето во Борусија Дортмунд тој ијзави дека направил грешка со одењето кај ривалот Барерн Минхен три години претходно. Милан, рома и Херта влегоа во редот заинтересирани за догвор со него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА