Реновирање за време на Ковид-19: Паузата во шампионатот се користи за нов терен во Кавадарци (ФОТО)

Македонскиот фудбалски второлигаш Тиквеш ја користи паузата во шампионатот поради пандемијата на коронавирусот за комплетно да реновира теренот на Грдскиот стадион во Кавадарци. Главната „операција“ со дренажата е завршена, а ќе се работи и наредните триесетина денови.


Останува да биде поставен системот за автоматско наводнување, потоа и нивелација со песок и поставување природен бусен трева на стадионот. Денеска работите на стадионот ги надгледуваа претседателот на УО на ГФК Тиквеш, Миле Масларков и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Се вчитува...