Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, ја изненади јавноста дека има фудбалери кои се многу потешки за чување од Лионел Меси, ѕвездата на Барселона и најдобриот светски фудбалер. Не станува збор ниту за Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Килијан Мбапе, Еден Азар.
За Лук Шо најопасен ривал на теренот бил Виктор Мозес, кој во минатото го носеше дресот на Челси, а сега како позајмен фудбалер игра во Интер.
„Луѓето секогаш мислат дека се шегувам, но еден од моите најтешки натпревари беше директниот дуел против Виктор Мозес во времето кога играв во Саутемптон, а тој беше играч на Челси. Тој беше неверојатен, голем предизвик за мене. Мозес беше брз и моќ. Сум играл и против Меси, Бејл, Азар, но најтежок противник за мене беше Мозес“, призна левиот бек на „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА