Два месеци трае борбата против коронавирусот во нашата земја, во која први на „фронтот“ со болеста се медицинските лица, ризикувајќи го сопствениот живот за да помогнат на сите оние на кои помошта во овие тешки моменти им е најнеопходна.
Токму затоа, познати лица од македонскиот јавен живот за емисијата „Бекстејџ“ им упатија аплауз на сите лекари, медицински сестри и останатиот персонал во болниците, за сето она што го прават за сите нас. Меѓу оние кои аплаудираат се и капитените на ракометната и на одбојкарската репрезентација, Кире Лазаров и Никола Ѓоргиев, фудбалерите Елиф Елмас и Бобан Николов, репрезентативецот Борко Ристовски, потоа најдобрата фудбалерка Наташа Андонова, рускиот интернационалец од Вардар, Тимур Дибиров…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА