Покетино прв избор за нов менаџер на Њукасл

Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино би можел да се врати на голема врата во Премиер – лигата како нов менаџер на Њукасл. Клубот кој треба да добие нови финансиски моќни сопственици од Саудиска Арабија, го има Покетино како прв избор за менаџерската функција. Тој би добил договор на три сезони и би заработувал по 19 милиони фунти годишно. Покетино со Тотенхем стигна до финалето на Лигата на шампионите, а следната сезона доби отказ од раководството на лондонскиот премиерлигаш.

Премиер – лигата треба да ја одобри продажбата на Њукасл од сегашниот сопственик Мајк Ешли кон саудискиот бизнис конзорциум предводен од принцот Мохамед бин Салман за сума од 300 милиони фунти. Новото раководство е подготвено веднаш да вложи и околу 200 милиони фунти во нови засилувања.

Втора опција за менаџерската позиција е враќањето на Рафаел Бенитез, кој во моментот е тренер на кинескиот Далијан јифанг. Тој три сезони го предводеше Њукасл пред да се пресели во Кина.

Се вчитува...