Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино, ја остава отворена можноста некогаш да се врати во лондонскиот клуб и вели „пред да умрам ќе го завршам она што го почнав“. Аргентинскиот стратег има посебно место во историјата на Тотенхем откако го одведе клубот до финалето од Лигата на шампионите каде „спарс“ беа поразени од Ливерпул.
Под негово водство клубот стана конкурентен и за трофеи во Премиер-лигата, но никогаш не успеваше да издржи во трката до крај. Покетино кој доби отказ од Тотенхем во ноември минатата година и натаму е без ангажман, а за него е заинтересиран потенцијалниот нов сопственик на Њукасл, конзорциумот во сопственост на Саудиска Арабија и принцот Мохамед бин Салман.
„Тоа беше неверојатно патување кое заврши како што не поскаував. Но, далбоко во душата и срцето сигурен сум дека патиштата повторно ќе ни се сретнат. Од денот кога си заминав од клубот, сонот ми е да се вратам и да се обидам да го комплетирам она што ми остана недовршено“ – вели Покетино.
“From the day that I left the club, my dream is to one day be back and finish the work we didn’t finish…”
“Deep inside I would like one day to be back, this club is special.”
Spurs fans, stay calm.
Mauricio Pochettino wants to return in the future ⚪️#UCLThrowback pic.twitter.com/khUGv8hqqZ
— Football on BT Sport (@btsportfootball) April 29, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА