Патиштата на Џејдон Санчо и на Борусија Дортмунд очигледно ќе се разделат претстојново лето. Англискиот репрезентативец е решен да ја промени средината, а Манчестер Јунајтед е извесната опција за трансфер. Наводно, тој и клубот веќе ги договориле условите.
Борусија пак сака да го задржи Санчо кој има договор до 2022 година, но без специфична откупна калузула. Клубот се согласува на прекин на соработката, но со исполнување на неколку услови. Кога беше продолжен договорот во октомври 2018 година, Санчо успеа да издејствува непишан пакт според кој клубот се обврзал да ги сослуша сите понуди кои одговараат на пазарната реалност.
Борусија Дортмунд нема да пропушти шанса да му наплати сериозно на Јунајтед за една од најголемите желби на Оле Гунар Солскјер, а англискиот клуб кој поради кризата со коронавирусот најави дека нема да расфрла пари на енормни трансфери, сумата која е потребна за Санчо ќе ја собира со продажба на дел од звучните имиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА