Раководството на Премиер-лигата веќе го има комплетирано „Проект рестарт“, планот според кој се предвидува сезоната од елитното англиско фудбалско друштво да продолжи на 8 јуни.
Делови од овој документ веќе стигнаа до медиумите, кои обелоденија дека Премиер-лигата веќе ги известила клубовите да се подготват за продолжение на почетокот од јуни. Се ќе зависи од извештајот на британката влада што треба да биде објавен на 7 мај, а на кој се очекува да биде соопштено олеснување на мерките.
Доколку се мине во најдобар ред, според „Проект рестарт“ на 9 и 10 мај сите премиерлигашки фудбалери и тренери ќе бидат тестирани од Ковид-19, по што на 11 мај ќе почнат со тренинзи во помали групи. За 18 мај се предвидува почетокот на колективни тренинзи, по што првиот натпревар по повеќемесечната пауза ќе се одигра на 8 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА