Размена: Ловрен во Наполи, Кулибали во Ливерпул

Во трката за сенегалскиот дефанзивец од Наполи, Калиду Кулибали се Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но најблиску до неговиот потпис е, сепак, Ливерпул, тврдат италијанските медиуми.

Како што пренесува „Газета дело спорт“, Наполи се помирил со фактот дека Кулибали ќе замине, па ја намалија и неговата цена. Минатата година не се согласуваа на сума под 120 милиони евра, а сега се согласни и на 100 милиони евра.

Ливерпул е фаворит во трката затоа што како дополнение на понудата за Наполи го нуди и хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен. Кулибали нема откупна клаузула, па претседателот Аурелио Де Лаурентис ја одредува сумата. Договорот на Кулибали со Наполи му завршува во 2023 година.

Се вчитува...