Клубовите во шпанската Ла лига неделава ќе почнат со тренинзи, а први претпоставки се дека натпреварувањето ќе биде рестартирано на почетокот на јуни. Вонредните мерки во Шпанија се укинуваат денеска, а мерките веќе се ублажуваат како би можело животот да почне да се враќа во нормала.
Јасно е дека доколку продолжи шампионатот натпреварите ќе се играат пред празни трибини. Извори блиски до Реал Мадрид велат дека „кралевите“ мечевите во домашниот шампионат поради немањето на публика нема да ги играат на „Сантијаго Бернабеу“ како би можеле да ги намалат трошоците. Натпреварите ќе се играат во тренинг центарот, односно на стадионот „Алфредо ди Стефано“. На овој терен своите натпревари ги игра и вториот тим на „кралевите“ Реал Мадрид Кастилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

