Премиер-лигата ќе биде без навивачи и следната сезона

Премиер-лигата се соочува со проблеми околу „Проектот Рестарт“ кој го предвидува продолжението на фудбалската сезона во Англија. Додека непријател број еден и натаму е коронавирусот кој не стивнува во Велика Британија, дополнителни проблмеи одаѓаат од неможноста за интерен договоро меѓу клубовите кога, како и каде да бидат доиграни преостанатите натпревари од сезоната. Она што е единствено сигурно е дека трибините ќе бидат празни.

„Реалноста е дена не знаме како ќе се одвиваат работите. Но, со правилот на социјално дистанцирање кое е во сила и ќе важи уште долго време ќе мора да се соочиме со одредени промени во фудбалот. Пред се, враќањето на навивачите кои се крвотокот на оваа игра. тие нема да се вратат наскоро, можеви воопшто и во целата следна сезона“ – вели претседателот на Фудбалската асоцијација на Англија, Грег Кларк.

Ако има комплетирање на сезоната, следната ќе почне со извесно задоцнување. Сепак Англискиот фудбал е во теснец и мора да почне најдоцна до 18. јуни за да го достигне крајните рокови кои ги одреди УЕФА за завршување на националните првнества.

 

 

 

 

Се вчитува...