Недвед: Со Мурињо ќе одам во било кој клуб, но никогаш во Интер

Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед отрки дека во својата кариера одбил понуда да соработува со Жозе Мурињо, затоа што не сакал да биде дел од Интер.

Мурињо силно го посакувал Недев во 2009 година, обидувајќи се да го откаже од намерата да стави крај на кариерата, но Чехот никако не сакал да го облече дресот на „нераѕурите“.

„Мурињо знаеше дека сакам уште еден предизвик во походот за трофеј во Лигата на шампионите, нешто кое никогаш не го освоив. Долго време ме убедуваше, но не можев да одам во Интер. Во било кој друг клуб да ме викаше сигурно ќе прифатев, но не и во Интер“ – вели Недвед.

Поранешниот чешки репрезентативец во 2003 година со Јувентус беше дел од финалето во Лигата на шампионите. Но, тимот од Торино загуби од Милан во пенал-рулетот.

Се вчитува...