Себастијан Фетел ја продолжува соработката со Ферари, пренесува германскиот „Ф1-Инсајдер“. Договорот на Фетел со Ферари завршува на крајот од годината, а преговорите меѓу двете страни се во тек околу продолжување на соработката. Германецот ја одби првата понуда, па Италијанците подготвија нова далеку поповолна за повеќекратниот светски шампион.
Матија Биното соопшти дека од тимот сакаат да го задржат 32-годишниот возач, иако сосема е јасно дека поради кризата предизвикана од коронавирусот неговата плата ќе биде многу помала од сегашните 30 милиони евра годишно.
Приоритет на Ферари е и во 2021 година да има идентична возачка постава како сегашната. Искусниот Фетал покрај себе треба да го има младиот и талентиран Чарлс Лекрер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА