Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин искажа задоволство од одлуката на германската влада да дозволи продолжување на Бундес-лигата. Германскиот фудбалски шампионат продолжува на 16. мај, и е првиот од големата европска петка кој стартува со активностите.
„Одлична вест е тоа што германската влада дозволи продолжување на Бундес-лигата. Ова е голем позитивен чекор кој го враќа оптимизмот во животот на луѓето и сите спортски фанатици. Тоа е резултат на конструктивен дијалог и внимателно преземен чекор во договор на фудбалските авторитети и политичарите. Убеден сум дека Германија ќе биде светол пример за сите нас како да го вратиме фудбалот – со сета негова возбуда, емоции и непредвидливост – во нашите животи“ – истакна Чеферин во своето обраќање до сите фудбалски фанатици ширум Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА