Хамес Родригез останува во Мадрид, но во големиот ривал?

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“, но би можел да остане во Мадрид. Ова лето конечно може да се реализира идејата на Диего Симеоне тој да го облече дресот на Атлетико Мадрид.

Преговорите почнаа лани, но Колумбиецот сепак остана во „кралскиот клуб“ што подоцна се покажа како лош потег со оглед дека доби минимална шанса за настап од тренерот Зинедин Зидан. Претседателот Флорентино Перез бараше премногу голема отштета од ривалот Атлетико Мадрид минатото лето, но сега веројатно ќе даде зелено светло за трансфер, со оглед дека можеби ова е и последната шанса за да ги ублажи штетите од ангажманот на Хамес Родригез.

Колумбиецот претходно беше на позајмица во Баерн Минхен, но и германскиот бундеслигаш не ја искористи опцијата за комплетно откупување на договорот.

Се вчитува...