Фудбалските натпреварувања во лигите што ќе продолжат ќе се одвиваат во летниот период, поради што ќе биде неопходно да се заштити здравјето на фудбалерите. Токму затоа, ФИФА денеска и официјално го одобри дадениот предлог наместо досегашните три, тренерите да можат да извршат по пет замени за време на натпреварите.
Екипите ги очекува згуснат распоред по прекинот поради коронавирусот, а се очекува со оваа мерка да се влијае врз ризикот од зачестени повреди. За да нема премногу прекини на натпреварите, ќе бидат одредени три термини во кои тренерите ќе можат да ги извршат овие замени.
Воедно, се најавува и дека ќе биде прифатена иницијативата на клубовите во комбинација за секој натпревар да бидат по 23 фудбалери, за тренерите да имаат шанса за повеќе комбинации и ротации во наредните месеци. Ќе се зголеми и бројот на паузи за тајмаут поради високите температури, од една на две за секое полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА