Тоа беше „ракометна војна“: Кога Вујо тргна да го тепа Начевски… (видео)

Ракометните фанови во Македонија се сеќаваат на големите дерби натпревари кои своевремено во домашниот шампионат ги играат Вардар и Металург. Како најзапаметено ќе остане она одиграно пред точно 12 години во СРЦ „Кале“ во 2008 година, кое одлучуваше за титулата во првенството, пред се поради пресметката меѓу тренерот на „вардарци“ Веселин Вујовиќ и судијата Ѓорѓи Начевски.

Хаосот почна во 48. минута од мечот кога Веселин Вујовиќ кој во тој период беше предводник на „црвено-црните“ незадоволен од одлуката на судискиот двоец Начевски-Николов по исклучувањето на двајца ракометари на Вардар тргна да се пресмета со арбитрите.

„Вујо-мајсторе“ беше оттурнат од Начевски, по што веднаш тргна физички да се пресмета со судијата. Вујовиќ доби црвен картон, а натпреварот го заврши на трибините. Веднаш по мечот тој поднесе оставка и спомена дека се срами од тоа што го направил, но дека ако успеал да стигне до Начевски ќе го удрел. Од друга страна нашиот арбитар изјави дека неговата реакција била во самоодбрана бидејќи Вујовиќ сакал да го нападне и неговиот колега Николов.

Натпреварот заврши нерешено 26-26, а екипата од Автокоманда стигна до трофејот во домашното првенство.

Се вчитува...