ПСЖ и Атлетико Мадрид се вклучија во трката за Мертенс

Францускиот првак Пари Сен Жермен и шпанскиот клуб Атлетико Мадрид се клубовите кои се вклучија во трката за ангажман на белгискиот интернационалец Дрис Мертенс. Крилниот играч на Наполи ова лето ќе стане слободен агент и тоа го прави привлечен за големите европски клубови кои би добиле одличен фудбалер без отштета.

„Светците“ се подготвени да му понудат двојно поголема од таа што ја земаше во Наполи, а и Атлетико Мадрид би сакал да го види во тимот, посебно откако се изјалови работата со ангажманот на Единсон Кавани од ПСЖ.

Дрис Мертенс е голема желба и на менаџерот на Челси, Франк Лапмард, за него постои интерес и од Јувентус и од Интер, а можно е и „наполитанците“ да се обидат да го задржат во клубот уште две сезони.

Се вчитува...