Валентино Роси веќе наполни 41 година, но легендарниот Италијанец смета дека се уште има што да покаже на патеките од Мото ГП шампионатот. Фабричкиот тим на Јамаха веќе објави дека нема да го продолжува договорот со „докторот“ Роси на крајот од годинава, потпишувајќи со Фабио Квартараро како негов наследник.
Италијанецот јасно стави до знаење дека нема намера да се повлече, па ги договори условите за соработка со „приватниот тим“ на Јамаха – Петронас Јамаха. Сите детали од едногодишниот договор за 2021 се веќе средени, а во него има и клаузула за Роси да продолжи да вози за овој тим и во 2022 година, доколку двете страни се задоволни од соработката.
Тимски колега на Валентино Роси ќе биде Франко Морбидели, кој дел од кариерата мина возејќи во академијата на Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА