Георгина Родригез најде начин како активно да се вклучи во обезбедување на средства за борба против коронавирусот, откако позираше во опрема на Кристијано Роналдо, најавувајќи ја продажбата на овој црно-бел дрес на Јувентус што ќе биде потпишан од Португалецот.
„Сите минуваме низ ужасен период… Болници, медицински сестри, доктори, целокупниот персонал, на сите им е потребна нашата помош во оваа ужасна пандемија. Шпанија многу се мачи за време на Ковид-19 кризата и затоа сакам да помогнам. Избрав четири прекрасни продукти и еден дрес на Јувентус потпишан од Кристијано, кои ќе бидат ставени на продажба. Целокупниот приход ќе биде дониран на шпанските болници како помош за борбата против Ковид-19“, напиша Георгина крај фотографијата на својот инстаграм-профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА