Во главната борба од УФЦ-249, во празната сала во Џексонвил, Џастин Гејтџи со технички нокаут во петтата рунда го победи Тони Фергусон.
Гејтџи, на тој начин, ја освои шампионската титула во лесна категорија откако се појави на настанот на кој главна борба требаше да биде меѓу Фергусон и Нурмагомедов. Фергусон беше фаворит во пресметката, но Гејтџи на крај дојде до триумф кој го носи сега како прв предизвикувач на Нурмагомедов.
„Откако пропадна борбата со Хабиб, Џастин беше единствениот кој прифати да се бори. Се подготвував за Хабиб, а не за ударач каков што е Џастин. Тој е вистински ку.вин син, страшен е…, не можете да го запрете. Ќе ми беше полесно ако ме нокаутираше, вака со прекината борба не сум среќен, подобро да ме нокаутираше“ – изјави Фергусон по мечот.
Гејтџи, пак, е среќен што го очекува борба со Хабиб Нурмагомедов.
„Хабиб е најдобриот на светот, а јас од својата четврта година работам на такви предизвици. Горд сум што ќе ги претставувам САД против Дагестан, против најдобриот руски борец“ – изјави Гејтџи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА