Елитните спортски ѕвезди ќе имаат привилегии и за нив нема да важи 14-дневниот карантин кој го воведува владата на Велика Британија за влез на сите лица во државата. Ова значи дека властите се подготвуваат да дозволат одржување на големи настани. Шефовите на фудбалските институции како и на Формула 1 преговарале со надлежните минстри околу тоа фудбалерите и Ф1 возачите да бидат изземени од ова правило.
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, вчара соопшти дека државата ќе воведе обврзен карантни од 14 дена за сите што влегуваат на нејзината територија. Ова е мерка која веќе одамна важи во голем дел европски држави. Ова правило ќе биде пречка за одржвање на Ф1 трките како и на натпреварите од Лигата на шампионите.
Сепак, британските медиуми тврдат дека бил постигнат договор, новововедената мерка да не важи за спортските ѕвезди. Кај спортистите ќе бидат спроведувани ригорозни тестирања за коронавирусот со цел да се спречи нов бран заболени продуцирани особено од фудбалските натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА