Американецот Џастин Гејтџи приреди вистинско изненадување победувајќи го Тони Фергусон во УФЦ 249, по што си закажа борба со Хабиб Нурмагомедов за светската титула.
А, Фергусон всушност требаше да се бори со Нурмагомедов, но борбата беше постојано откажувана, последен пат поради пандемијата на коронавирусот. Голем број фанови на Хабиб се насладуваа на поразот на Фергусон поради многубројните прозивки меѓу нив двајцата изминатиов период. Но, дагестанскиот борец, на крајот, испрати џентлменска порака.
„Што и да се случило во минатото, останува во минатото. Главата горе Тони. Се надевам дека сте добро, и ти и твоето семејство. Кога твојот син ќе порасне, ќе биде горд на својот татко“ – му порача Хабиб на Фергусон, за кого ова беше прв пораз по осум години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА