Аргентинската ракометна федерација донесе одлука Маноло Каденас да остане селектор на сениорската репрезентација уште една година.
Соработката со Каденас е продолжена до Летните олимписки игри во Токио, кои поради пандемијата на коронавирусот се одложени за 2021 година. Претходниот негов договор со селекцијата на Аргентина беше до август 2020 година.
Каденас селектор на Аргентина е од пред три години, а во 2018 година го освои второто место на Јужноамериканската игри. Аргентина веќе се квалификуваше и за настап на Светското првенство 2021.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

