Сега веќе е и официјално, Себастијан Фетел на крајот од сезонава ќе си замине од тимот на Ферари, информација на германските медиуми што утрово беше потврдена и од раководството на италијанскиот тим и од самиот возач. Последната рунда разговори за нов договор донесе тотален неуспех, по што стана јасно дека актуелниот договор со важност до 2020 дефинитивно нема да биде продолжен.
„Мојата соработка со Скудерија Ферари ќе заврши на крајот од 2020 година. За да се стигне до најдобри резултати неопходна е перфектна хармонија, а јас и тимот увидовме дека веќе не постои заедничка желба да се остане и да се соработува. Сакам да потенцирам дека парите немаа никаква врска со оваа заедничка одлука, финансиите ниту се ниту ќе бидат мој приоритет кога носам одлуки поврзани со кариерата. Ферари секогаш има специјално место во Формула 1 и се надевам дека ќе стигне до успесите што ги заслужува. Сакам да му се заблагодарам на целото семејство Ферари, особено на навивачите низ целиот свет“, истакна Фетел.
Германскиот возач беше член на Ферари од 2015 година, а според актуелниот договор заработуваше по 40 милиони долари годишно, сума што тешко дека ќе може во својот нов Ф-1 тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА