Пол Гаскоњ е познат по глупостите што ги правеше и додека беше фудбалер, а особено по завршувањето на кариерата. Британската јавност се потсети на неговото шоу на залезот од кариерата, кога Газа на оригинален начин го дочека ветеранот Давид Жинола по неговиот трансфер во Евертон.
Французинот по одличните настапи за ПСЖ, Њукасл и Тотенхем на залезот од кариерата дојде во Евертон, а Гаскоњ смисли оригинален начин да му посака добредојде. Првиот тренинг почна, Газа го немаше никаде, за поранешниот англиски репрезентативец да се појави со перика за имитација на долгата коса на Жинола.
Нормално, првото трчање му беше токму крај новиот соиграч, кој со насмевка го дочека овој гест на легендарниот Гаскоњ, исто како и остатокот од тимот на Евертон.
Gazza welcoming David Ginola to his first Everton training session ?? #THFC #COYS pic.twitter.com/bqIPJXTvHB
— COYS.com (@COYS_com) May 12, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА