Премиер-лига: Нема неутрален терен, клубовите ќе играат на своите стадиони

Премиер-лигата е чекор поблиску до одредување на датум за продолжение на сезоната, откако клубовите ги надминаа недоразбирањата околу тоа дали преостанатите натпревари ќе мора да се играат на неутрален терен. На оваа идеја јавно се спротивставија неколку клубови од дното на табелата, но денешниот состанок вроди со плод откако беше постигнат договор сепак средбите да се играат на стадионите на домашната екипа.

Зелено светло за овој предлог даде и претставникот на полицијата, барајќи единствено премиерлигашите сами да ги покријат трошоците за да се спречи собирање на навивачи пред стадионите. Клубовите биле согласни на вакво нешто, по што е постигнат начелен договор за отстранување на една од клучните пречки во разговорите.

Премиерот Борис Џонсон во вчерашното излагање најави дека од почетокот на месец јуни ќе биде овозможено враќање на елитниот спорт, по што се интензивираа преговорите за што поскоро да бидат овозможени услови за премиерлигашите да почнат со натпреварување на самиот почеток од следниот месец.

Се вчитува...