Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло, Гранит Џака повторно ги запали страстите во Србија откако вчера, заедно со пријателот Цана го имитираа голот против Србија на СП во Русија по кој славеше со покажување „двоглав орел“.
Џака, притоа, испрати и порака: „Двајца Албанци против Србија – 2:1“.
Овој потег предизвика бура во Србија. Српските медиуми на дел од своите насловници го нарекоа и дефанзивецот на Арсенал – бедник.
„Тој е најбедниот спортист на денешницата. Живее од провокации, а нема ништо спортско во него“ – се дел од текстовите во српските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА