Кире Лазаров дел од ракометниот „дрим-тим“ на Југославија на 21. век (ФОТО)

Данскиот ракометар Расмус Бојсен состави нов ракометен „дрим-тим“ во кој повторно има место за македонскиот капитен Кирил Лазаров. Овојпат тој состави тим на најдобри ракометари од просторите на поранешна Југославија на 21. век.

Покрај нашиот капитен кој е суверен на десната бековска позиција, друштво во тимот му прават и Хрватите, Венио Лозерт (голман), Мирза Џомба (десно крило), Ивано Балиќ (центар), Домагој Дувњак (лев бек), Словенецот Лука Звижеј (лево крило), а за најдобар одбранбен ракометар е избран Мирсад Терзиќ од Босна и Херцеговина.

За најдобар тренер нормлано приматот му припадна на Лино Червар кој овие 20 години беше на чело на македонската репрезентација и хрватскиот националец тим.

Се вчитува...