Светската фудбалска организација (ФИФА) одлучи да ја откаже гала – свеченоста „The Best“ на која се избираат најдобрите во светот на фудбалот за тековната година. Во 2020 година нема да се одржи избор на најдобрите, откако ФИФА ја откажа церемонијата која беше закажана за в септември во Милано. Причината за тоа секако е пандемијата на коронавирусот, од организациски, но и од спортски агол.
Вредната индивидуална награда за најдобар светски фудбалер нема да биде доделена, со оглед дека поголем дел од сезоната во најголемите европски лиги беше прекината и се уште е неизвесно дали ќе биде продолжена. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и неговите најблиски соработници одлучиле дека во ваква ситуација најдобро е церемонијата да биде откажана, а наградите „The Best“ да не се доделат. Минатата сезона признанието му припадна на Лионел Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА