Официјално: Ракометната сезона без шампион, Супер-лигата проширена на 14 екипи

Ракометната сезона 2019/2020 е официјално завршена без да биде именуван шампион, беше потврдено на денешниот состанок на Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија. Воедно, официјализирано е и проширувањето на Супер-лигата за наредната сезона, на 14 екипи плус СЕХА-лигашите Вардар и Пелистер.

Предлогот на челниците на РФМ во изминатите петнаесетина дена беше дискутиран со клубовите, а откако сите дадоа согласност, денеска е потврдено проширувањето на елитното друштво. Вардар и Пелистер уште оваа сезона ќе го пропуштат суперлигашкиот дел и ќе се приклучат директно во плејофот, додека останатите 14 екипи ќе бидат поделени на две групи од по седум.

Притоа, трите најдобри екипи од секоја група ќе се пласираат во плејоф-завршницата, а останатите осум (по четири од двете групи) ќе разигруваат за опстанок. Само најдобриот од овие осум тима ќе остане сигурно дел од елитата, а второпласираната екипа од плејаут завршницата ќе игра бараж со победникот во Првата лига.

Се вчитува...