Серија А се враќа на 13 јуни. Раководството и клубовите од елитата одлучија првенството да продолжи на 13 јуни, а за комплетирање на сезоната треба да се одиграат уште 12 кола.
Намерата на клубовите и на челниците на Серија А е сезоната да заврши најдоцна на 2 август, а за тоа ќе биде потребно да се игра со забрзан ритам, на секои три дена. Тимовите веќе почнаа со тренинзи откако добија дозвола од италијанката влада.
Покрај комплетните 12 кола, за доигрување има и иуште четири заостанати натпревари, Интер – Сампдорија, Аталанта – Сасуоло, Верона – Калјари и Торино- Парма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

