Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Дрогришки се рехабилитира од тешката повреда и се очекува да биде максимално подготвен за настап од стартот на новата сезона. Единствената дилема е – чиј дрес ќе носи бекот откако интерес за неговите услуги покажаа неколку македонски суперлигаши.
Пелистер2 му нуди финансиски најдобри услови на ракометарот кој настапи за Македонија на СП 2017 во Франција, но честите повреди придонесоа неговата кариера да не се движи во посакуваниот правец. Битолчанецот има можност да остане во родниот град, но интересна опција за него претставува и преселбата во Скопје. Пролет е тимот што покажува најконкретен интерес за да го врати Дрогришки во главниот град (каде веќе настапуваше во дресот на Металург), со што тимот на тренерот Матлиески би добил сериозна опција на бековската позиција по заминувањето на грчкиот репрезентативец Мујиќ.
Ракометниот спорт дефинитивно е најраздвижен кога станува збор за трансферите на домашната сцена, па се очекува во најскоро време да се реализираат уште неколку трансфери меѓу суперлигашите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА