Англискиот судија Марк Клатенбург по четири години проговори за финалниот меч од Лигата на шампионите во 2016 година меѓу Реал и Атлетико Мадрид, кој „кралевите“ го добија по изведување на пенали.
„Во финалето Реал поведе со 1-0 во првото полувреме, гол кој беше даден по мал офсајд. Го видовме тоа на полувреме. Беше тешка ситуација“, изјави Клатенбург.
Во вториот дел „јорганџиите“ успеаја да изедначат преку Јаник Караско, по што мечот беше решен преку пенал-рулетот, кој Реал ги доби со 5-3. Клатенбург во кариерата го судеше и финалето на Европското првенство во 2016 година, а во 2017 година ги изненади сите и ја напушти Премиер-лигата, заминувајќи да биде судија во Саудиска Арабија, а потоа и во Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

