Несторовски: Бев сам во карантин, повикот на тренерот многу ми значеше

Илија Несторовски е пресреќен што карантинот конечно заврши, па македонскиот фудбалер доби можност да почне со тренинзи во исчекување на продолжението на сезоната во Калчо-лигата. Воедно, нашиот интернационалец јавно му се заблагодари на тренерот Готи за дадената поддршка во периодот кога му било најтешко за време на самоизолацијата.

„Додека бев во карантин бев сам во домот и не ми беше лесно. Тренерот Готи беше свесен за тоа, ми се јави и разговаравме на различни теми. Тоа беше убав гест од негова страна, многу ми значеше“, истакна Несторовски.

Тој се уште е убеден дека го направил вистинскиот избор минатото лето, кога од бројните понуди ја избра онаа на македонскиот голгетер.

„Удинезе има беспрекорна организација и извонреден тренинг-центар. Од првиот момент кога дојдов овде не се сомневав дека ја донесов вистинската одлука, се уште сум на истиот став“, вели Македонецот.

Тој одби да даде конкретен одговор на „вечната дилема“, Роналдо или Меси, уште еднаш повторувајќи ја старата изјава дека сам на себе си е фудбалски идол.

„Роналдо и Меси се од друга планета, не можам да изберам меѓу нив. Кој ми е идол? Јас самиот“, одговори Илија Несторовски.

Се вчитува...