Баерн Минхен бара од Интер да ја намали цената за Перишиќ

Германскиот првак Баерн Минхен сака да го задржи хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ на „Алијанц арена“, но бара Интер да ја намали цената за комплетно откупување на договорот. Раководството на баварскиот клуб смета дека треба да добие одреден попуст од „дилот“ што е договорен пред пандемијата со коронавирусот. Поради ова и дојде до одложување на рокот што двата клуба го имаа за конечно склучување на зделката.

Баерн Минхен плати 5 милиони евра на Интер за едногодишна позајмица на Перишиќ, а во договорот има и клаузула дека треба да доплати уште 20 милиони евра за Хрватот и целосно да стане играч на германскиот клуб. Сепак, сега условите се променија поради пандемијата на коронавирусот.

Перишиќ има одлична сезона во Баерн Минхен, во 22 натпревари постигна пет гола и забележа осум асистенции, а пропушти и неколку меча поради повреда. Баерн Минхен денеска му гостува на Унион Берлин при продолжувањето на Бундес-лигата.

Се вчитува...