Велшкиот интернационалец Герет Бејл не е заинтересиран да го напушти Реал Мадрид за да се пресели во Њукасл. Тој преку агентот јасно им порачал на раководните луѓе на англискиот премиерлигаш дека нема намера да замине од „Сантијаго Бернабеу“. И покрај најавите дека Њукасл ќе добие нови богати сопственици од Саудиска Арабија, сепак, Герет Бејл ја отфрлил можноста за евентуално враќање во Премиер – лигата по завршувањето на сезоната.
Реал Мадрид подолг период се обидува да се ослободи од Велшанецот пред се поради преголемата плата и малиот придонес што тој го има во „кралскиот“ дрес, но Герет Бејл и понатаму инсистира да го испочитува комплетно договорот со клубот кој го врзува до јуни 2022 година.
Имаше најави дека Манчестер Јунајтед и Тотенхем се заинтересирани да го вратат Бејл во Англија, меѓутоа засега се тие далеку од реализација, а посебно ќе бидат отежнати и со новите економски текови по пандемијата на коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

