Младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд веднаш се врати со гол за Борусија Дортмунд во убедливата победа против Шалке 04 на „Сигнал Идуна парк“.
Рурското дерби мина без присуство на навивачи, но фудбалерите на Борусија секако победата ја прославија пред култниот „жолт ѕид“ и покрај празната трибина, каде инаку се најфанатичните навивачи на дортмундскиот клуб.
„Да, зошто да не?“ – одговори кратко Халанд на прашањето околу тој потег.
А, на прашањето дали тој гест е некоја порака за навивачите, норвешкиот напаѓач повторно само одговори: „Да“.
Па, повторно тишина, по што се постави и прашање може ли Халанд да ја објасни пораката.
„Тоа зависи од навивачите на Дортмунд“ – дополни напаѓачот. „Тие се секогаш со вас и Борусија Дортмунд“ – е констатацијата од соговорникот, и повторно едно кратко „така е“ од Халанд.
На крајот новинарот заклучи онака саркастично со: „Многу ви благодарам, ми беше задоволство да разговарам со вас“.
Овој разговор на Халанд не остана веднаш со реакции на социјалните мрежи, а Халанд го доби прекарот „робот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

