Најдобриот стрелец во историјата на Јувентус и еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња, Алесандро Дел Пјеро вчера бил итно хоспитализиран.
Дел Пјеро бил пренесен во болница поради болки во бубрегот, но многу брзо по деталните лекарски прегледи се огласи во јавноста со информација за своите фанови дека не се работи за ништо сериозни. Утврдено е дека има мал камен во бубрегот.
„Се уште не можам да верувам дека една таква мала работа од 3 милиметри може така силно да боли“ – порача Дел Пјеро кој веќе некое време живее во Лос Анѓелес.
Набрзо за легендарниот Италијанец стигна и поддршка од неговиот Јувентус, клуб кој, како вистински капитен, не сакаше да го напушти ниту кога црно-белите се преселија во Серија Б.
View this post on Instagram
„Најголеми желби за брз опоравување“ – му порачаа на Дел Пјеро од торинскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА