Падна договор во Премиер-лигата: Од утре на тренинзи

Клубовите од Премиер-лигата постигнаа договор. Од утре ќе почнат со групните тренинзи со одржување социјална дистанца. Тренинзи со контакт и натаму не се дозволени. Ова е првата фаза од „Проектот Рестарт“ за која на видео-состанок гласаа претставниците на сите 20 клуба од Лигата. За првата фаза консултирани се играчите, менаџерите, клупските доктори, независни експерти и претставници на владата.

„Строгиот медицински протокол со највисоки стандарди ќе овозможи враќањето на тренинзите да биде безбедно. Здравјето на сите инволвирани во Премиер-лигата е најважно. Безбедното враќање на тренинзи е првиот чекор. Комплетните консултации со играчите, менаџерите, клубовите продолжуваат и се подготвува протокол за одржување комплетни тренинзи“ – стои во соопштението од Премиер-лигата.

Последниот фудбалски натпревар во Англија беше одигран на 9. март, а на почетокот на април беше донесена одлука за суспензија на неодредено време. Целта на „Проектот Рестарт“ е продолжување на сезоната на 19. јуни ако бидат обезбедени услови за подготовки на клубовите.

 

 

Се вчитува...