Мароканец планирал терористички напад на „Ел Класико“

Шпанската полиција уапсила едно лице под сомнение дека планирало терористички напад за време на дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Станува збор за 33-годишен маж роден во Мароко, кој за време на испитувањето признало дека планирало напад, и тоа со помош на дрон со експлозив, но во последен момент се премислил. Тој бил уапсен на 8 мај, но при апсењето се најдени докази поврзани со овој план поврзан со „Ел Класико“.

Полицијата потврди дека е уапсено едно лице, но не го откри неговиот идентитет, што е вообичаена процедура во Шпанија. Имињата на осомничените за тероризам се соопштуваат дури откако ќе почне нивното судење.

Се вчитува...